Ковачевски: С. Македонија ќе има избори во 2024 на кои ВМРО-ДПМНЕ ќе изгуби

од Nikola Popovski

Северна Македонија ќе има избори во 2024 година. Прво ќе имаме претседателски, па парламентарни. На нив ќе се случи истото што се случи во општината Маврово Ростуше кога ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за огромна предност на партијата и на крај катастрофално ги изгубија изборите. Тоа е резултат на политиките кои што оваа Влада ги води – политики за европска интеграција на државата, со јасен план за справување на економската и енергетската криза, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски од Штип како одговор на новинарско при посетата на фабриката за масло „Брилијант“.

Ковачевски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ не покажа никаков резултат на локално ниво и дека катастрофално управува со општините кои се заглавени.

-ВМРО -ДПМНЕ можеше да покаже што може да направи бидејќи освои над 50 општини пред само 1 година и гледаме дека катастрофално управува со тие општини. Како што 11 години ја упропастија државата да не мрдне еден милиметар во европските интеграции, да немаме ниту една инвестиција голема во енергетскиот сектор. Истото тоа го потврдуваат сега, дека се потполно иста партија, со потполно ист начин на управување во градот Скопје. Гледаме 11 години како што беше земјава заглавена под власта на ВМРО – ДПМНЕ, така сега Скопје цела една година е заглавено под власта на ВМРО – ДПМНЕ, истакна премиерот.

Слични содржини