Ковачевски: СДСМ докажа дека секогаш низ дијалог ги носи своите политики

од Nikola Popovski

Пратениците треба да бидат одговорни бидејќи се избрани од народот и треба да работат за потребите и унапредувањето на животот на граѓаните, рече денеска во одговор на новинарско прашање претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.

Тој ги повикика пратениците од сите политички партии на одоговорно постапување во време кога Европа и светот се соочуваат со најголема криза од Втората светска војна чии последици се рефлектираат и кај нас.

„Пратениците мора да бидат одговорни бидејќи се избрани од народот и треба да работата за потребите и за унапредувањето на животот на граѓаните. Ова е можеби најкризната година после втората светска војна, а според она што го гледаме во моментов не очекува и најтешката зима со којашто се има соочено нашата генерација и генарациите пред нас.“ рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.

„СДСМ е партија којашто докажала дека секогаш низ дијалог ги носи своите политики, а тоа може да се види особено во мандатот на оваа нова влада“, додаде претседателот Ковачевски.

Слични содржини