Ковачевски: СДСМ е подготвена да разговара за Изборниот законик, но тој не смее да се носи избрзано

од Nikola Popovski

„Во програмата на Владата сои дека изборното законодавство ќе биде усогласено со препораките од ОБСЕ/ОДИХР. Отворена е дискусијата и за една изборна единица, а СДСМ се произнесе дека ќе разговараме со сите партии, бидејќи Изборниот законик се носи консензулано“ кажа премиерот Димитар Ковачевски во „Само интервју“ на Канал 5.

Тој додаде дека различни партии имаат различно видување во врска со изборниот модел и додаде дека токму затоа изборниот законик треба да се носи во подолг временски период, за истиот да биде направен на начин кој ќе биде спроведлив и адекватен за сите партии.

„Не треба временски да се ограничуваме, туку да се отвори дискусија и да се види кој модел е најдобар за сите политички партии. СДСМ ќе учествува во таа дискусија, заедно со сите коалициони партнери“ потенцираше Ковачевски.

Тој истакна дека и пред локалните избори имало иницијатива за отворени листи за советници, но тој лично бил против тоа носење избрзано, бидејќи со тоа само ќе се направела забуна на гласачите.

Слични содржини