Ковачевски: Се анализира пресудата на Арбитражниот суд во Париз, јавноста ќе биде информирана

од Stefanija Kuzmanovska

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека се анализира пресудата на Арбитражниот суд во Париз по што јавноста ќе биде информирана.

„Тоа е договорот од времето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи прави соодветна информација и анализа за овој случај и штом таа биде готова, ќе биде доставена до Владата и до медиумите“, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања за време на посетата во Куманово.

Претходно, на прес-конференција во Владата советникот за енергетика Виктор Андонов потврди дека пресудата е пристигната во Владата пред два-три дена и дека во тек е нејзина анализа.

„Адвокаткиот тим, кој е ангажиран од Владата и не застапува, а тоа е ‘Дехерт’ од Франција, ја разгледува и ја анализира пресудата. По завршување на тој процес, заедно со Координативното тело кое е задолжено за арбитражните постапки, ќе и предложат на Владата соодветни чекори што ќе се преземат во однос на објавувањето на пресудата“, рече Андонов.

Со донесената пресуда, како што посочи тој, преполовен е износот на оштета што го барала грчката компанија.

Слични содржини