Ковачевски се согласува со Пендаровски: Поддршка за Украина за членство во НАТО

од Nikola Popovski

Премиерот Димитар Ковачевски се согласува со претседателот Стево Пендаровски во однос на поддршката за Украина за нејзино членство во НАТО.

-Имаме јасна позиција во однос на војната во Украина – ја осудивме руската агресија. Ние барем сме држава која произлезе од поранешна Југославија и гледавме како тоа изгледа кога некој ќе наруши теријаторијален интегритет на друга држава. Ние ја имаме усогласно надворешната политика со политиката на ЕУ и сме членка на НАТО. Благодарение на политиката на отворани врати на НАТО сме дел од Алијнасата и така сме го потпишале „Вашингтонскиот договор”. Барањето на државата која ги исполнува вредностите кои што ги делат другите држави на НАТО, треба да го поддржиме и се согласувам со претседателот. Потребен е мир на територијата на цела Украина, реле Ковачевски на новинарско прашање.

Слични содржини