Ковачевски: Сите ресори ќе бидат разгледани доколку дојде до конкретни разговори за влез на Алијанса во Влада

од Nikola Popovski

Премиерот Димитар Ковачевски информира дека вчера имал состанок со лидерот на Алтернатива Африм Гаши и дека разговарале за програмата на Владата и дека тоа се редовни средби.

-Во однос на проширувањето, разговарав и со господинот Таравари, но исклучиво за европскиот пат на државата и на законите кои што се од областа на владеењето на правото и економската криза. Алијанса на Албанците го поддржаа патот на земјата во евроинтеграции. Нема досега станато збор за евентуално нивен влез во Влада или отстапување на министерства, рече Ковачевски.

Според него, кога се прави концепт на Влада, не значи дали некој ќе отстапи место или ќе преземе некој ресор.

-Секоја партија треба да преземе одговорност во одреден ресор. Доколку дојде до конкретни разговори за влез на Алијанса во Владата, сите ресори ќе бидат разгледани и ќе се види кои се предностите и афинитетите на една партија во одредена област, додаде премиерот по увидот на работите во фабриката Брилијант во Штип.

 

Слични содржини