Ковачевски: Сите цени на храната пораснаа за највисок процент по Втората светска војна

од Берта Китинска

Премиерот Димитар ковачевски денеска во Софија истакна дека војната во Украина ги создаде најголемите проблеми по Втората светска војна.

– Проблемот е дефицитот со гасот и историски најниско ниво на резерви во Европа што не само што ја зголемува цената на гасот, туку ја зголемува и цената на електричната енергија за петпати. Недостигот на гас, исто така, става притисок врз производството на амонијакот којшто е клучен за производството на ѓубрива и имаме недостиг и од ѓубрива на светскиот пазар и сега може да се купи за 300 или 400 пати повисока цена. Со тоа сите цени на храната пораснаа за највисок процент по Втората светска војна, рече Ковачевски.

Тој порача дека сето тоа се случува затоа што и двата најголеми производители на пченица Украина и Русија се практично во војна.

– Некои од земјите во регионот имаат вишок на производство од пченица, додека други пак немаат вишок и купуваат од другите земји. Добра работа е солидарноста што се покажува и високото ниво на одговорност од сите земји во регионот и токму затоа немаме недостиг на пченица во овој момент како еден од клучните прехранбени производи како што е маслото за готвење. Не само денеска туку постојано сме во комуникација едни со други. Со Кирил се слушаме дури и за време на викендите, исто и нашите министри се во постојана комуникација и координација затоа што мора да се осигуриме дека во оваа најголема криза со која што се соочува Европа и светот по Втората светска војна ние ќе обезбедиме храна и сите други потребни производи за нашите граѓани затоа што тоа е наша одговорност во овие кризни времиња, рече Ковачевски.

Слични содржини