Ковачевски: Со ладна глава да ја донесеме вистинската одлука

од Берта Китинска

Премиерот Димитар Ковачевски без конкретен одговор за трите предлози на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

-Во однос на тезите кои беа поставени, тие не задираат во третманот на македонскиот јазик ниту идентитетот. Тоа е мултилатерален документ кој е усогласен. Во однос на уставните измени, сите партии имаа свои изјави во изминатиот период, други ги менуваат. Нашиот Устав предвидува дека граѓани кои се самоопределуваат на друг начин, можат да се дел од Уставот. Сметам дека сите пратеници треба да го прифатат менувањето на Уставот, кажа Ковачевски.

Тој потенцира дека потребно е мудра одлука.

-За оваа одлука треба државничко однесување и ладна глава за мир и стабилност во државата за да ја донесеме вистинската одлука.

Тој нагласи дека предлогот не претставува бугаризација на државата, како што тоа го претставува опозицијата.

-Македонскиот народ никој до сега не успеал да го асимилира. Горди сме на својата историја, јазик и идентитетит со сите свои аспекти, така било, така е, и така ќе биде. За оваа одлука треба државничко однесување и ладна глава за мир и стабилност во државата за да ја донесеме вистинската одлука, нагласи Ковачевски.

Слични содржини