Ковачевски: Средба која се однесува за избори не треба да се одржи

од Берта Китинска

Во однос на средба којашто се однесува на предвремени избори на агенда, кажавме дека таква средба не треба да се одржи со оглед дека такво барање доаѓа во момент на најголема енергетска и економска криза во Европа, кажа денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Тој уште еднаш повотри дека СДСМ и коалицијата остануваат на ставот дека нема да прифатат средба на која би се разговарало за предвремени избори.

-Пред нас е најтешката зима со којашто ќе треба да се справиме, рече Ковачевски.

Слични содржини