Ковачевски: Тројно повеќе ќе бидат оданочени објектите што не се користат или издаваат

од Берта Китинска

Заменик министерот за финансии, Димитар Ковачевски во Економски Магазин на Алсат , истакна дека со подзаконски акти ќе се регулира дали сопствениците на викендички, коишто повремено се користат ќе бидат оданочени тројно повеќе.

„Со подзаконски акти ќе биде дефиниран третманот на викендичките, бидејќи тие се наоѓаат во посебни, рурални региони, но ако некој има неколку станови, во различни општини и ако не сака со нив да остварува приход, а целта на овој закон е пред се ставање во економска функција, ќе плати трипати повеќе данок на имот ако не е активен повеќе од 6 месеци“, рече Ковачевски.

Слични содржини