Ковачевски утрово се слушнал со Мицкоски, средба во скоро време

од Nikola Popovski

Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва соопшти дека веќе се започнати разговори со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за организирање на средба меѓу двајцата лидери на најголемите политички партии.

-Утрово му се јавив и се договоривме во скоро време да се одржи средбата. Денес почнавме со организација. Претходно таа не беше можна поради зафатената агенда на Владата, но и поради тоа што двајцата портпароли на СДСМ беа позитивни на Ковид-19. Сметам дека има потреба од седнување на заедничка маса. Пред нас се многу предизвици и работа. Треба заедно да се договараме и заедно да донесеме одредени реформи во Собранието, изјави Ковачевски во интервјуто на МТВ1.

Слични содржини