Ковачевски: Вкупниот буџет за 2023 година изнесува 19 милиони евра

од Radmila Tasevska

На денешната заедничка прес-конференција на премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши, премиерот Ковачевски изјави:

– Вкупниот буџет за 2023 година на министерството за економија изнесува околу 19 милиони евра, и се темели на развојни програми со развојни мерки чија цел е во оваа економска енергетска криза да овозможат поддршка за граѓаните како и одржливост и конкурентност на компаниите, рече премиерот.

Тој додаде дека наредната година сумата за поддршка на граѓаните и компаниите за енергетска ефикасност и обновливи извори е зголемена за три пати, односно за оваа намена за 2023 година се обезбедени 3,2 милиони евра.

Слични содржини