Ковачевски: Владата не се мешала во судската власт

од Nikola Popovski

Премиерот Димитар Ковачевски уште еднаш повтори дека одлуката на Апелација за поништување на пресудата за случајот „Таргет-тврдина“ ја потврдува ниската доверба на граѓаните во правосудството.

-Исто така сакам да истакнам дека јас како премиер или Владата ниту сме се мешале, ниту ќе се мешаме во судската власт и судниците. Тоа не е место за политичка борба или за политички натпревар. На правосудниот систем е низ една транспаретна постапка им ги објасни на граѓаните одлуките кои што се носат и дополнително се работи во унапредување на работата за да зголеми довербата кај граѓаните за сите да бидеме еднакви пред Уставот. Ние сме во постојана комуникација сме со европските партнери и САД. Поглавјето 23 беше дел од билатералниот скрининг, кој што се води во Брисел и тој скрининг во кој што ќе бидат вклучени правосудните органи, ќе постави многу прашања, на кои ќе се бара одговор, рече Ковачевски како одговор на новинарско прашање.

Доцна синоќа одбраната на Сашо Мијалков ја поздрави одлуката на Апелациониот суд во Скопје затоа што, како што истакнуваат во соопштението истата е законита и праведна и заснована на доказите и фактите кои се наведени во жалбата поднесена против првостепената пресуда. Од таму порачаа и дека се загрижени од највисоките државни функционери од извршната власт, поради како што велат, „политичко мешање уште од самиот почеток на постапката и се влијаело да се донесе првостепена пресуда каква што беше донесена“.

Апелација ја укина пресудата за предметот од февруари 2021 година, а жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја оцени како беспредметна.

Случајот „Таргет-Тврдина“ се однесува на масовното нелегално прислушување на повеќе од 20.000 граѓани.

Слични содржини