Ковачевски за енергетската криза: Ги искористивме сите можности, секој ќе си даде извештај пред институциите

од Nikola Popovski

Директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски вечерва изјави дека можеле да реагираат подобро, со оглед на прогласената енергетска криза во земјава.

-Дали сме можеле повеќе – сме можеле. Меѓутоа, дали сме ги искористиле сите можности – и тоа да. Ќе оставиме да ја решиме енергетската криза, за да ги санираме состојбите, а потоа секој ќе си даде извештај пред соодветните институции, вели Ковачевски во емисијата „Топ тема“, како одговор на прашањето дали чувствува одговорност за ситуцијата.

Тој информира дека во моментов работат Блок 1 од РЕК Битола, когенетаративната гасна електрана во Скопје, хидропотенцијалот што го имаат и ветерниот парк во Богданци.

-Блок 2 и Блок 3 моментално не функционираат, додаде Ковачевски.

Слични содржини