Ковачевски за Мицкоски: Не е лидер тој што мисли само на наредни избори

од Nikola Popovski

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека лидери се луѓе кои што носат одлуки и решаваат прашања кои ги ефектираат идните генерации, благосостојбата на граѓаните и справувањето со најголемите проблеми.

-Не е лидер тој што мисли на личниот рејтинг и кога ќе бидат идните избори. Ова што го прави Мицкоски во услови на најголемата светска криза после Втората светска војна е најнеодговорното нешто,  во услови на поскапување на цените на производите, во услови кога гледаме во Европа дека сите се обединуваат за начини за помагање, вели Ковачевски во емисијата „Клик плус“.

Според него, одлуката за блокадата на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ е „грозоморна“.

Слични содржини