Ковачевски за укинување на „20 проценти“ од Уставот: На ум да ни биде продолжување на патот кон ЕУ

од Nikola Popovski

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека е добро што се разговара за уставните измени и што нема политичка партија која се противи на спроведувањето.

-Уставните измени не се прашање на изјава, туку се прашање на процедура. Штом се обезбеди поддршка од страна на сите, тогаш треба да започне таа процедура, во која ќе учествуваат сите политички партии, експерти по уставно право и Министерството за правда, рече Ковачевски на новинарско прашање околу можноста за укинување на формулацијата 20 проценти од Уставот.

Тој потенцира дека „на ум треба да имаме и приоритети, а тоа е продолжување на патот кон ЕУ“.

-Сите партии треба да го имаат тоа на ум кога разговараме и за уставните измени и за било кои други прашања. Тоа да ни биде приоритет кога ќе разговараме односно за што почнуваат уставните измени и која е целта. Постапката ќе продолжи и се надевам на нејзино успешно и започнување и завршување, кажа премиерот на прес-конференција.

Слични содржини