Ковачевски: Заев воопшто не се меша во работата на владата

од Nikola Popovski

На прашањето дали поранешниот премиер е некако вклучен во работата на влада и дали има удел во разговорите за зголемувањето на мининамалната плата, претседателот на владата Димитар Ковачевски вели Заев воопшто не се меша во работата.

-Тој не е вклучен. Единствено што вчера беше среќен за покачувањето на минималната плата и честиташе. Тој мислам дека не ни беше во земјава, дека е на одмор со семејството. Сум одржувал средби со сите бивши претседатели на СДСМ, бидејќи тие поседуваат искуство и тоа е добро да се чуе, појаснува Ковачевски во гостувањето на емисијата „200“.

Слични содржини