Ковачевски: Законот за здруженија ќе се спроведува, на него не влијае Бугарската декларација

од Vladimir Zorba

Во Собранието имаме донесено Закон за здруженија на граѓани кој ќе биде спроведен како и сите други закони во оваа држава. Дали некоја друга држава ќе донесе каква било декларација е право на државата и тоа не може да влијае на спроведувањето на законите. Барам и Буагрија и сите други држави да ги спроведуваат одлуките, пресудите на сите меѓународни судови, институти на кои се членови како што тоа го правиме и ние, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на пратеничко прашање од Рашела Мизрахи дали и имплементирањето на законот за здруженија и фондации кој требаше да одговори на прашања на фашистички имиња и нивни соработници е попречуван заради бугарската декларација.

-Ние преговараме за членство во ЕУ со ЕУ, а не со Бугарија. Со Бугарија имаме билатерални прашања кои се регулирани со договор и за тоа се формирани работни тела кои работат без политичко влијание и без политички притисок врз основа на научна методологија и единствено со целосен консензус можат да носат зкалучоци кои потоа треба да бидат институционално спроведувани. Имаме адмнистрација која успешно ги води преговорите со ЕУ, односно скрининг процесот. Сигналите се позитивни од ЕУ, а со темпото со кое се работи до ноември како што е планот ќе заврши скрининг фазата на процесот на пристапување кон ЕУ, посочи Ковачевски.

Слични содржини