Ковачевски: Железничката пруга до Софија ќе ја афирмираме во ЕУ

од Nikola Popovski

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва информираше дека Коридорот 8 не е само значаен за Бугарија и Македонија, туку и за Албанија.

-Со него се поврзуваат две мориња и ни дава шанса на трите држави за излегување на пристаништа. Ние сме центарот на овој Коридор 8. Веќе се работи на проектот за железничката пруга Скопје-Софија. Финансирањето за одредени делници со европски пари и дел од државниот буџет е веќе завршено. Рокот за видливи резултати е 2027 година. Кога ќе го погледнеме временскиот рок од 2022, тој проект може се чини далечен, но е амбициозен и значаен. Планираме оваа железничка линија да ја афирмираме во ЕУ, рече Ковачевски во интервју за Дневникот на МТВ 1.

 

Слични содржини