Ковачки: Владата де јуре e на СДС, де факто e на ДУИ

од Stefanija Kuzmanovska

Влада де јуре e на СДС, де факто e на ДУИ. Влада која е создадена и се одржува исклучиво на лукративни побуди и влада која во основа го има антимакедонизмот, порача пратеникот и член на ИК на денешната собраниска говорница Драган Ковачки.

„Нема добар ден и за нелегитимниот премиер кој работи против македонските национални интереси и кој повторно преку партиски акробации подготвени во главниот град на една соседна држава е подготвен да ги спроведи сите барања кои ќе му бидат ставени сите барања на маса, а за возврат да остане месец плус како премиер“, рече Ковачки.

Ковачки го нарече Ковачевски слуга на Ахмети и исплашен политичар кој е поставен на позицијата премиер за да биде жртвуван.

„Слугата на Ахмети како и до сега е слеп послушник и извршител и не е свесен дека е донесен на местото премиер за да биде жртвуван, кој е исплашен политичар и бега од тв дуели и нема ниту еден ТВ дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ“, наведе тој.

Слични содржини