Ковид-19 го одложи Самитот ЕУ – Западен Балкан

од Aleksandar Petrovski

Хрватското претседателство на Советот на Европската унија донесе одлука да ги одложи сите неформални состаноци и конференции до 15 мај, но и Самитот ЕУ-Западен Балкан, за да се ограничи ширењето на пандемијата Ковид-19.

Самитот ЕУ-Западен Балкан беше предвидено да се одржи во Загреб на 7 мај.

Според соопштението објавено на веб-страната на Претседателството, во договор со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ќе се обиде да се најде нов термин за одржување на Самитот ЕУ-Западен Балкан во јуни, доколку ситуацијата со корона кризата тоа го дозволи.

„Алтернативно, во неможност да се одржи физички состанок, ќе се предложи состанокот да се одржи со помош на видео врска (до крајот на хрватското претседателство)“, се вели во соопштението.

Слични содржини