Ковид 19 им се заканува на Олимписки игри: Воведување вонредна состојба во три региони?

од Stefanija Kuzmanovska

Јапонската влада денеска предложи воведување вонредна состојба до 31 август во три региони во близина на Токио и западната префектура Осака, бидејќи новите рекордни случаи на ковид -19 се закануваат да ги стават тековните Олимписки игри во втор план.

Тековната вонредна состојба во Токио и на јужниот остров Окинава, четврта од почетокот на пандемијата, исто така, треба да се продолжи до 31 август, објави министерот за економија, Јасутоши Нишимура, пренесува „Ројтерс“.

Премиерот Јошихиде Суга се очекува официјално да ја објави новата одлука на владата подоцна денеска, откако здравствените експерти ќе ја одобрат.

Јапонија досега избегнуваше поголем обем на епидемија ковид-19, но сега се бори да ги запре инфекциите на варијантата делта со голема преносливост, со над 10.000 нови случаи вчера за прв пат регистрирани низ целата земја.

Слични содржини