Ковид-19 ја намалува вредноста на американскиот пасош

од Aleksandar Petrovski

Пандемијата предизвика значаен пад на вредноста на пасошот на САД се дознава од индексот на најпосакувани пасоши на Henley & Partners со кој се оценува слободата на движење на носителите на патни исправи.

Во индексот, патната исправа на Северна Македонија е рангирана на 47. место и носителите на македонски пасош може да патуваат без виза во 124 земји.

Индексот ги следи промените во секое тромесечје и во пракса, како што истакнуваат од Henley & Partners, бројот на достапни дестинации каде не треба виза значајно се разликува и зависи од тоа колку земјите се справуваат успешно со пандемијата.

Индексот не ги зема в предвид ограничувачките мерки воведени од владите поради пандемијата, но ја актуелизира новонастанатата ситуација во пост-Ковид-19 свет, кога слободата на движење на граѓани на некои земји, како САД, Бразил и Русија, каде пандемијата не стишува, ќе биде сосема намалена.

Забраната за патувања на државјани на САД во ЕУ поради неспособноста на Вашингтон да се справи со епидемијата стапи на сила на 1 јули. Иако пасошот на САД е рангиран на седма позиција, после земји како Јапонија, Сингапур, Јужна Кореја или Германија, Американците сега имаат иста слобода на движење како Мексико и Уругвај (рангирани на 25. и 28. место соодветно).

Доколку во ова тримесечје ситуацијата не се промени, вредноста на американскиот пасош драстично ќе се намали.

Во ЕУ засега може да влегуваат државјани од само 15 земји. Бразил Русија се во истата категорија на земји како и САД за кои границите на ЕУ остануваат завторениГраниците на ЕУ засега остануваат затворени и за Северна Македонија, а патната исправа на нашата земја е рангирана на 47. место во индексот, со 124 земји каде може да се патува без виза.

Слични содржини