Ковид-19 однесе девет животи, дополнително регистрирани уште осум во периодот октомври-ноември

од Nikola Popovski

Согласно последните ковид-бројки, во земјава се регистрирани уште 9 починати лица од коронавирус, соопштија од Министерството за здравство.

Црниот биланс покажува 3 починати лица од Крива Паланка (67г, 73г, и 81г), 2 лица од Скопје (71г, и 77г) и по едно починато лице од Битола (75г), Кочани (78г), Пробиштип (66г), и Тетово (67г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 8 починати лица со датум на смрт од 24.10.2021 до 13.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Велес(2), Гевгелија (1), Крива Паланка(1), Кочани (1) и Тетово (1). Починатите лица се на возраст од 66-94г, од кои 5 лица се починати во домашни услови, а 3 лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.433.550 тестирања на Ковид-19.

Слични содржини