Ковид 19 оставa дури 48 различни долгорочни последици, ги имаат 80 проценти од пациентите

од Stefanija Kuzmanovska

Ковид 19 може да остави дури 48 различни долгорочни последици врз пациентите кои ќе го прележат, утврди студија на американски научници и СЗО. Утврдено е дека дури 80 проценти од пациентите кои имале коронавирус имаат еден или повеќе симптоми на постковид или продолжен ковид, кој може да трае со месеци по прележувањето и исфрлањето на вирусот од телото.

Американската студија, направена врз основа на 18.251 публикација од 2020 година, кои се однесуваат на 47.910 пациенти, покажува дека најчестите последици од ковид 19 се замор, кој повеќе од половина од испитаниците го чувствуваат долго, па дури и повеќе од 100 дена. Нешто помалку од половина од испитаниците имаат главоболка, а првите пет последици вклучуваат нарушување на вниманието, опаѓање на косата и отежнато дишење. Но, на некои луѓе трајно им останува дијабетес, откажување на бубрезите, параноја, додека има и такви кои доживеале мозочен удар.

Авторите на студијата ги анализирале и студиите направени на најмалку 100 ковид пациенти, на возраст од 17 до 87 години, помеѓу 14-ти и 110-ти ден по инфекцијата со коронавирус. Тие имале покачени од некои од шесте лабораториски параметри и абнормални слики на рендген на белите дробови. Авторите во трудот „Повеќе од 50 долгорочни последици од ковид 19: систематски преглед и мета-анализа“, објавени во списанието medRxiv, заклучиле дека дури 80 проценти од пациентите имаат една или повеќе последици од ковид.

Споменатата студија покажала дека ковид 19 е многу сериозна болест што може да остави последици врз бројни органи и системи.

 

Слични содржини