Ковид-биланс: 1037 новозаразени и 534 оздравени

од Nikola Popovski

Во последните 24 часа во Македонија од коронавирус починаа 36 лица, а потврдени се 1.037 нови случаи, соопшти Министерството за здравство.

Во последните 24 часа се направени 6.654 тестирањe, а регистрирани се 1.037 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 386, Тетово – 110, Гостивар – 73, Куманово – 60, Струмица – 57, Струга – 50, Кичево – 43, Охрид – 35, Дебар -32, Прилеп, Велес и Кавадарци – по 21, Свети Николе – 18, Битола – 17, Штип -14, Гевгелија, Радовиш и Валандово – по 9, Кочани – 8, Неготино и Пробиштип – по 7, Ресен и Крива Паланка – по 6, Делчево и Кратово – по 5, Крушево – 4, Македонски Брод – 2, Берово и Богданци – по 1.

Регистрирани сe 534 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 1.137.629 тестирање на Ковид-19.

Слични содржини