Ковид-биланс: 13 општини немаат активни случаи, Тетово има повеќе заразени од Скопје

од Nikola Popovski

Секојднево се зголемува ковид-статистиката со заразени. Вчера беа регистрирани 164 нови случаи со Ковид-19, од направени 5.276 тестирања, а последен пат трицифрена бројка на нови случаи на инфицирани со коронавирусот беше регистрирана кон средината на мај.

Бројот на активни случаи изнесува 770, од кои најмногу се во Тетово 229, по што следи Скопје со 221, Куманово 72, Гостивар 68, Битола 34, Струмица 21…

Тринаесет општини немаат активни случаи на Ковид-19. Тоа се: Дојран, Македонска Каменица, Македонски Брод, Кратово, Демир Капија, Демир Хисар, Крушево, Богданци, Пробиштип, Виница, Крива Паланка, Ресен и Неготино.

Министерството за здравство информира дека е достапна апликацијата за CommonPass сертификат за патување во странство. CommonPass е унифицран дигитален сертификат кој се презема од апликација од Google Play Store/App Store со кој се потврдува вакциналниот статус на секој граѓанин. Со овој сертификат во моментот може да се патува најчесто во САД и Канада каде се користи најмногу. Покрај патувањето и доказ за вакцинација со овој CommoPass граѓаните во овие земји можат непречено да се движат и функционираат во услови кога има одредени рестрикции и забрани за невакцинираните. За преземање на овој сертификат треба:

1) Да се најавите на вебстраницата vakcinacija.mk
2) Во својот личен профил можете да го најдете нациналниот сертификат издаден од МЗ со QR код за примена вакцина.
3) Системот ви дава опција за внесување на број на валидна патна исправа.
4) Откако ќе го внесете бројот на пасошот се креира автоматски CommonPass
5) За да креаираат дигитален CommonPass, достапен секогаш на вашиот паметен телефон, треба да ја преземете мобилната апликација „CommonPass„ oд Google Play Store/App Store
6) По симнување на апликацијата истата ќе ви побара да го внесете следниот активациски код: CPNMKD
7) Потоа апликацијата ќе побара да го скенирате QR кодот од CommonPass сертификатот кој веќе го имате симнато на компјутер. Доколку имате потешкотiја да го скенирате кодот од eкран, испечатете го CommonPass сертификатот и скренирајте директно од хартија.

Слични содржини