Ковид-биланс: 14 новозаразени и без починати во последното деноноќие

од Nikola Popovski

Во последните 24 часа повторно нема починати од коронавирус, а регистрирани се 14 новозаразени, информираат од Министерството за здраство. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во земјава се направени 2.876 тестирања.

„Позитивните пациенти се од Тетово – 8, Гостивар – 3, Скопје – 2 и Струга – 1. Регистрирани сe 2 оздравени пациенти од: Скопје – 2“, велат од МЗ.

Досега во земјата се направени вкупно 909.405 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.797, бројката на оздравени пациенти е 150.126, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 184.

Слични содржини