Ковид-биланс: 51 новозаразен и 85 оздравени пациенти

од Nikola Popovski

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 4.060 тестирања, а регистрирани се 51 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 28, Тетово – 5, Битола и Виница – по 3, Прилеп, Кочани и Кичево – по 2, Куманово, Велес, Гостивар, Кавадарци, Неготино и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани се и 84 оздравени пациенти од: Скопје – 46, Куманово – 7, Битола – 5, Прилеп, Гостивар и Делчево – по 3, Кичево, Штип, Струмица, Гевгелија, Ресен, Берово и Пехчево – по 2, Тетово, Македонска Каменица и Крива Паланка – по 1.

Направени се 4.060 тестови преку: ИЈЗ-409, ЦЈЗ Скопје-65, ЦЈЗ Битола-105, ЦЈЗ Прилеп-45, ЦЈЗ Тетово–16, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-15, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–6, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–67, МАНУ-75, Жан Митрев (Филип Втори)-283, Авицена -447, Биотек-527, Систина-245, лабораторија Лаор-660, Синлаб-97, Ремедика-69, Плодност–66, Генеа–89, Никоб лаб-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 757.

Слични содржини