КОВИД-ЧУДО ЗА НОВА ГОДИНА: Преживеала 59 дена на респиратор, се разбудила од кома еден ден пред да ја исклучат од уредот (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Американскит лекари го опишаа како чудесно, оздравувањето на една жена од Џорџија, која по 59 дена поминати на респиратор, конечно излезе од болницата за новогодишната ноќ.

Лиза Мартин, 49-годишна мајка на четири деца, беше хоспитализирана кон крајот на септември во здравствената болница Меморијал Сатила во Вејкрос, Џорџија, и беше отпуштена 95 дена подоцна.

– Нејзиното неверојатно закрепнување вклучува 59 дена поминати на апарат за дишење, 40 дена во индуцирана кома и преживување на мозочен удар – изјавија од болницата во објава на Фејсбук на 31 декември кога Лиза беше пуштена на болничко лекување, пренесува „Business Insider“.

Како што е наведено, вработените го повикале нејзиното семејство и ги замолиле да одлучат за исклучување од апаратот за одржување на виталните функции. Семејството избрало да почека максимум 11 дена пред да се договорат.

– Но, Бог имаше и други планови. На единаесеттиот ден, Лиза се разбуди од седатив, почна да ги следи движењата со очите и ја помрдна раката – рекоа од болницата.

– Морам да носам маска за кислород цел ден и да се движам со помагала. Лекарите сметаат дека со тек на време ќе се опоравам – изјавил за медиумите Лиза Мартин по заминувањето од болницата.

Слични содржини