Ковид лето: Во Берово по вкусно сирење или на плажа во Преспа

од Берта Китинска

Пандемијата на Ковид -19 на многумина веројатно им ги расипа плановите за лето. Оваа година засега границите на европските земји остануваат затворени за Македонците. Затоа пак, домашните туристички центри се подготвени за гости.

За да им помогне на дел од домашните граѓани со пониски примања во услови на економска криза поради коронавирусот, но и на домашните туристички капацитети, Владата реши 100 илјади наши граѓани да добијат ваучер за домашен туризам од 6.000 денари, како и домашна платежна картичка од 3.000 денари.

„Граѓаните ќе можат да се одморат и да летуваат дома, а со тоа ќе го зајакнеме домашниот туризам.Со оваа мерка се опфатени сите вработени граѓани што примаат нето плата помала од 15.000 денари месечно и немаат други приходи.
Ваучерот може да се користи во домашните хотели и други сместувачки капацитети, додека со платежната картичка поттикнуваме купување на домашни производи и услуги“, објаснија од власта.

Охрид, Дојран, Струга, Преспа, Берово…се само дел од дестинациите каде може да заминат нашите граѓаните и да се одморат.

Охрид

Прекрасното Охридско Езеро е опколено со високи планини и многубројни културни споменици. Тоа долго време е гордост на македонскиот туризам. Ако одамна не сте биле во Охрид, тогаш можете да очекувате долги патеки за шетање што ќе ви бидат навистина корисни по обилните вкусни вечери со автентична македонска храна. Резервирајте и излети во Националниот паркови Свети Наум и Галачица ако сте авантуристи или впијте го секој сончев зрак покрај чаша вино на брегот на езерото.

Преспа

Преспа е сместена на тромеѓето помеѓу Македонија, Албанија и Грција. Оваа област се смета за еколошки ентитет од глобално значење бидејќи тука можат да се сретнат разновидни биотопи – езера, планини и шуми кои имаат единствени, уникатни карактеристики. Езерата Мала Преспа и Голема Преспа се меѓу најстарите езера во Европа и затоа во нив можат да се најдат голем број на ендемски видови, како и единствената колонија на Големиот Бел Пеликан во Европската Унија.

Дојарн

Дојранско Езеро се наоѓа во југоисточниот дел на Македонија. Котлинскиот простор во кој е сместено е ограничен од север и северозапад со планината Беласица, од запад и југозапад со ограноците на ридското подрачје Кара Балија и од исток со ограноците на планината Круша. Надморската височина на која се наоѓа езерската површина е на 148 м.

Струга

Струга — град во југозападниот дел на Република Македонија и административен центар на истоимената општина. Градот Струга лежи во рамнината на Струшкото Поле на двата брега на реката Црн Дрим и на северниот брег на Охридското Езеро.

Берово

Берово е град во источниот дел на Република Македонија, кој е сместен под падините на Малешевските Планини на површина од 595 км. Во негова близина се наоѓа и Беровско Езеро. Берово се наоѓа 161 км од Скопје, 47 км од Струмица и 52 км од Кочани, на надморска височина од околу 800-900 метри. Со регионални патишта непречено комуницира со Кочани, Пехчево и Делчево и со Струмица. Преку нив понатаму одржува комуникации со останатите делови од земјата.

Слични содржини