Од денес се спроведуваат нови мерки донесени во Црна Гора со цел да се потисне пандемијата на Ковид 19, па така воведен е полициски час од 22 до 5 часот, работењето на продавниците е ограничено од 7 до 20 часот, додека угостителските објекти ќе бидат отворени од 7 до 18 часот.

Компаниите и претприемачите кои се занимаваат со трговија со храна (пазари, супермаркети, хипермаркети) ќе работат од 7 до 20 часот, а компаниите и претприемачите кои се занимаваат со трговија со непрехранбени производи и обезбедување услуги (трговски центри, продавници за обувки и облека, салони за убавина, фризерски салони) итн.) од 07 до 20 часот, предвидено е според новите мерки.

Во согласност со површината на објектот и бројот на корисници, потребно е да се обезбеди едно или повеќе лица кои ќе го контролираат почитувањето на мерките – корона-редари, пренесува порталот РТЦГ.

Забранет е и меѓуградскиот сообраќај од петок во 22 часот до понеделник во 5 часот наутро.

Слични содржини