Ковид-потврдите стапија на сила

од Stefanija Kuzmanovska

Ковид-потврдите стапуваат на сила денес на ниво на целата Европска унија, за време на летните одмори во Европа, но поинтензивната делта варијанта на коронавирус веќе се заканува да ја намали нивната употреба.

Документот на ЕУ, односно QR-кодот достапен во дигитална форма на паметните телефони или во хартиена форма, покажува дали патникот е вакциниран со една од вакцините одобрени од ЕУ (BioNTech / Pfizer, AstraZeneca, Moderna или Johnson & Johnson), дали тој се заразил со ковид- 19 или има негативен тест за коронавирус.

Сертификатот служи за да се избегне потребата од карантин и дополнително тестирање за време на патувањето помеѓу 27 земји-членки на ЕУ и придружната европска земја.

Слични содржини