Ковид-прекршителите куртулија: Собранието донесе Закон за амнестија

од Nikola Popovski

Собранието на денешната редовна седница го изгласа Законот за амнестија за прекршителите на полицискиот час и карантините за време на ковид-пандемијата.

Според ова, илјадници прекршители на ковид-протоколите кои не платиле казна, а завршиле или треба да завршат во затвор ќе бидат амнестирани и затворот ќе им се замени со условна казна.

Предлог на Законот за амнестија, по скратена постапка, пратениците го поддржаа со 76 гласа „за“, и еден „против“.

Амнестијата нема да важи за правните лица, односно рестораните и кафулињата.

За попладне Собранието ќе продолжи со работа по продолженијата на седниците 71, 79, 95, 97, 100 и 103.

Слични содржини