Ковид рестрикции во Грција во иднина – само за невакцинирани

од Stefanija Kuzmanovska

Какви ограничувачки мерки и да се донесат од сега па натаму, за заштита од ширење на коронавирус, тие ќе важат исклучиво за луѓе кои не биле вакцинирани, изјави грчкиот министер за развој и инвестиции Адонис Џорџиадис во интервју за телевизијата Скај.

„Никој нема право да воведува ограничувања на лице кое не е во опасност да заврши на интензивна нега“, додаде тој.

Во текот на следната недела ќе се одржи дискусија на тема дали мерките ќе бидат продолжени на локациите „без ковид“ и „мешаните“ локации, што владата ги објави пред две недели, рече министерот.

Тој објасни дека ситуацијата сега е сосема поинаква, со оглед на брзото ширење на делта варијантата на коронавирус, со што се зголеми бројот на случаи од 500 на скоро 3.000 на ден.

Во таква ситуација, додаде тој, постои можност местата за забава „без ковид“ да бидат отворени само за вакцинирани граѓани и за оние кои се заразиле со коронавирус.

Тој, меѓутоа, истакна дека сите места за забави ќе бидат отворени на 15 јули „што и да се случи“.

Слични содржини