Ковид станува долготраен кај секој 20-ти пациент, овие групи се најзагрозени

од Stefanija Kuzmanovska

Истражување од King’s College London за долготраен ковид ја смета болеста предизвикана од новиот коронавирус која трае осум недели или подолго и наведува колку е честа оваа форма на ковид-19 и кои луѓе имаат најголем ризик да го развијат.

Тоа е една личност на секои 20 пациенти, кај која ковидот ќе се развлече на толку долг период, наведува Би-Би-Си, кој се повикува на истражувањето на научниот институт во Лондон.

„Истражувањето покажало и дека жените, лицата со присуството на астма и зголемена телесна тежина се изложени на поголем ризик“, пренесува Би-Би-Си.

Целта на истражувањето беше да се развие систем за рано предупредување кај пациентите предиспонирани на долготраен ковид, така што тие ќе можат да се третираат што е можно посоодветно во раните фази на третманот и со тоа евентуално да се спречат повеќемесечни страдања, што исто така го оптеретува целокупното здравје на пациентот.

Општ преглед на пациенти е дека кај секоја седма заболена личност ковид трае најмалку четири недели, дека кај една од 20, односно кај пет проценти, болеста трае осум недели и повеќе, а кај еден од 45 пациенти болеста трае подолго од 12 недели. .

Ризикот, се наведува, исто така, од развој на долготраен ковид-19 се зголемува и со возраста.

Д-р Клер Стивс објасни за Би-Би-Си дека истражувањето пополнило празнини за оваа болест, кои се однесуваат на спецификите на клиничкиот тек во однос на различните полови:

„Од раните податоци, видовме дека мажите се изложени на поголем ризик да развијат тешка форма на болеста и да умрат од ковид. Сега се покажа дека жените се изложени на поголем ризик од долготрајниот ковид“.

Слични содржини