Ковид статистика: 21 нов случај, пријавени 2 починати лица

од Берта Китинска

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 773 тестови, а регистриран е 21 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 9, Битола – 5, Кавадарци и Охрид – по 2, Штип, Кичево и Делчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (21), регистрирани се 5 реинфекции.

Регистриран e 71 оздравен пациент од: Битола – 21, Скопје – 16, Кавадарци и Охрид – по 7, Кичево – 5, Прилеп и Берово – по 4, Куманово – 2, Штип, Кочани, Неготино, Ресен и Демир капија – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително регистрирани се 2 починати лица од Скопје (66г) и Штип (80г). Лицата се починати во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 29.04.-01.05.2022 година.

Направени се 773 тестови преку: ИЈЗ-87, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-4, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-28, Авицена-22, Биотек-26, Систина-20, лабораторија Лаор-23, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-12, Генеа-0, Никоб Лаб-114, ВФВ Медикал-24, Ели Медика Плус-3, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–5, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 400.

Досега во земјата се направени вкупно 2.023.422 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.790, бројот на оздравени пациенти е 299.936, на починати е 9.282, а бројот на активни случаи изнесува 572.

Слични содржини