Ковидот, грипот и сезонските настанки се поклопуваат – д-р Митов објаснува како да ги разликуваме

од Берта Китинска

Ковид 19 односно делта варијанта има  главни карактеристики ,а тоа е многу висока температура, кашлица и губење на чувство на мирис, има и други симптоми, но најчесто оваа тријада е типична за ковид 19 или за новата делта варијанта, вели за „Утрински брифинг“ д-р Александар Митов.

Но, годинава веќе е поотворено и имаме класично поклопување и на корона и на грипот и на вообичаените сезонски настанки, додава Митов.

– Тука се создава голема дилема, забуна и луѓето просто се плашат. Не знае човек како да се однесува, да се изолира, тестира… Затоа е многу важно да се разграничат, иако е тешко да се разликуваат симптомите. Едно нешто за короната што генерално се кажува е дека има три главни карактеристики – таа тријада од многу висока температура, кашлица и губење на чувството за мирис. Најчесто оваа тријада е типична за ковид-19 или за новата делта-варијанта, вели Митов.

Слични содржини