Ковидот и по вторпат „напаѓа“: Зголемен бројот на лица кои повторно се заразиле

од Берта Китинска

Во периодот 27.12.2021-02.01.2022 тестирани се вкупно 35.362 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 43,2% во однос на минатата недела, покажува најновата анализа на ИЈЗ.

-Регистрирани сe 2.643 нови позитивни случаи од 34 градови во државата, за 37,6% повеќе во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.422; 53,8%).
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи на лица од 30-39 (23,4%) и 40-49 (17,9%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 (2,8%). Се забележува зголемување на бројот на заболени кај сите возрасни групи со најголемо зголемување кај возрасната група 20-29 (n=436), каде зголемувањето е за два пати и возрасната група 30-39 (n=618) со зголемување за 55,7% во однос на претходната недела.Во текот на мината недела вкупно се пријавени 133 реинфекции, со зголемување од 3 пати во однос на претходната недела.
Заклучно со 02.01.2021 вкупно се регистрирани 1.192 реинфекции (0,5%), од кои кај два случаи реинфекција е регистрирана по втор пат. Од реинфекциите, 10 завршиле со смртен исход.
Опфатот со две дози кај вкупното население изнесува 40,2%. Најголем дел од лицата вакцинирани со две дози припаѓаат на возрасната група од 25- 49 години, соопштија од ИЈЗ.

Слични содржини