Коѕијас повоторно во Скопје по Велигден

од Vladimir Zorba

Кон средината на идната недела, по велигденските празници, грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас повторно ќе допатува во Скопје, каде што ќе се сретне со министерот Никола Димитров. Датумот се уште не е утврден прецизно, но посетата е веќе договорена, дознава „Независен“ од дипломатски извори.

Интензивирањето на состаноците меѓу Коѕијас и Димитров, според грчките медиуми, укажува на подготвеноста на двете страни да постигнат решение околу нивните разлики, што беа утврдени на преговорите деновиве во Виена.

Слични содржини