Крај на љубовната приказна меѓу Џенифер Лопез и Алекс Родригез

од Vladimir Zorba

Џенифер Лопез ја раскина двегодишната љубовна врска со Алекс Родригез.

Пејачката и поранешниот бејзбол играч ја објавија својата венчавка за минатата година, но поради пандемијата тие не одржаа свадба. Тогаш тие решија да се венчаат кога работите ќе се „смират“ малку, но се чини дека тоа сепак нема да се случи.

Според порталот „Пејџ Сикс“, Џеј Ло неодамна признала дека двајцата отишле на терапија за парови, а странските медиуми го поврзуваат Родригез и со Медисон Лекрој, 30-годишна старлета. Гласините за наводното неверство на Родригез беа негирани.

Неименуван извор изјави дека Родригез моментално е во Мајами, а Џенифер Лопез снима филм во Доминиканската Република, па затоа се разделени, што веројатно влијаело да раскинат.

Слични содржини