Крај на сагата! Нејмар ќе се оперира

од Vladimir Zorba

Од ПСЖ соопштија дека Нејмар ќе се подложи на операција и сигурно го пропушта реваншот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, кој е на 6. март на „Парк де Пренс“.

Медицинскиот тим на Пари Сен Жермен се консултирал со лекарскиот штаб на бразилската репрезентација и на крајот на неделата Нејмар ќе биде консултиран од докторот на „Селесао“ – Родриго Ласмар.

26-годишниот фудбалер ќе отпатува со Ласмар во Бразил на крајот од неделата.

Хируршката интервенција ќе биде направена од хирургот Жерар Селан, кој ја има целосната доверба од ПСЖ.

Во официјалното соопштение од Пари Сен Жермен не станува јасно колку долго време Нејмар ќе биде надвор од игра, но прогнозите се дека неговото закрепнување ќе трае барем месец и половина.

Слични содржини