Крај на сезоната во Евролигата и Еврокупот

од Vladimir Zorba

Клубовите на Евролигата го поддржаа предлогот на првиот човек на натпреварувањето, Џорџо Бертомеу, да се заврши сезоната во Евролигата, но и во Еврокупот. Одлучено е дека во следната сезона од елитното натпреварување, ќе играат истите 18 клубови.

Решавачката средба започна во 11 часот, а Бертомеу заради неможноста за спроведување на планот за продолжување на сезоната,предложил нејзино завршување.

Големо влијание да настапи со ваков предлог пред претставниците на 11 клуба со лиценца А бил ставот на играчите кои се против продолжување на сезоната, прифаќајќи го фактот дека постои голем ризик од повреди.

Слични содржини