Крај на Суперлигата: Излегоа сите Англичани, само Арсенал се извини!

од Nikola Popovski

После Челзи и Манчестер Сити, сите други англиски клубови ја напуштија Супер лигата.

Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Ливерпул и Арсенал започнаа процес на напуштање на посебното натпреварување, кое крена голема врева, не само во фудбалскиот свет, туку и во сите области на општествата.

Сите главно се огласија со едноставни и кратки реченици во кои објаснија дека се откажуваат од планот да играат во Суперлигата, а само Арсенал се извини.

„Како резултат на слушањето на вас и пошироката фудбалска заедница претходните денови, ние се повлекуваме од предложената Суперлига. Направивме грешка и се извинуваме“, напиша Арсенал.

Со и официјално, Суперлигата е веќе речиси распадната. Во текот на денот се огласија од шпанските Атлетико Мадрид и Барселона, кои исто така соопштија дека нивните клубови се при крај во завршувањето на процесите за истапување од идејата за ново фудбалско натпреварување.

Единствени кои се уште не дадоа никаков коментар по излегувањето на англиските клубови, се италијанските гиганти Јувентус, Милан и Интер.

Натпреварувањето требаше да вклучува 20 екипи и да биде конкуренција на Лигата на шампионите како ново елитно натпреварување кое било позатворено од она под покровителство на УЕФА.

Поради тоа УЕФА и ФИФА започнаа со механизми за запирање на целата приказна и се чини дека успеаја.

Слични содржини