Крај на владеењето на семејството Кастро на Куба, Раул поднесе оставка

од Stefanija Kuzmanovska

Четиридневниот конгрес на Кубанската комунистичка партија започна денес, со кој се означува крајот на владеењето на семејството Кастро и доаѓањето на новата генерација лидери.

Раул Кастро ја потврди својата оставка од функцијата шеф на Кубанската комунистичка партија, со што заврши ерата на владеење што тој и неговиот постар брат Фидел Кастро ја воспоставија со револуцијата во 1959 година.

Раул Кастро (89) рече дека се повлекува затоа што чувствува дека ја исполнил својата мисија и дека е сигурен во иднината на татковината.

Тој не откри кого сака да го види на местото прв генерален секретар на Комунистичката партија, но некои шпекулираат дека неговиот фаворит е Мигел Дијаз-Канел, кој го наследи на функцијата претседател во 2018 година.

Повлекувањето на Раул Кастро значи дека за првпат по шест децении Куба нема да има некој од семејството Кастро за свој водач, а оваа одлука доаѓа во тежок момент, кога сите се загрижени за својата иднина.

Тој тежок период беше предизвикан од пандемијата коронавирус, потоа болните финансиски реформи и ограничувања воведени од администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, поради што минатата година економијата падна за 11 отсто како резултат на колапсот на туризмот.

Соодветно на тоа, со смртта на Фидел Кастро во 2016 година и пензионирањето на неговиот 89-годишен брат Раул, се врти нова страница во политиката на Куба и нејзините граѓани, од кои многумина знаеја цел живот само за моќта на познатото револуционерно семејство.

За разлика од претходните конгреси, овој пат немаше телевизиски пренос. Официјалниот портал „Кубадебат“ објави дека Раул Кастро, откако му оддал почит на својот брат, пред делегатите го презентирал извештајот за конгресот.

Назначувањето на Дијаз-Канел за генерален секретар на Комунистичката партија, што е најважната функција во земјата, се очекува на последниот ден од конгресот, во понеделник, пишува АП.

loading...

Слични содржини