Крал Артуро: Не мислам за трансфер, супер среќен сум во Минхен

од Vladimir Zorba

Фудбалерот на Баерн Минхен, Артуро Видал ги негираше шпекулациите дека може да го напушти клубот и дури изрази подготвеност да го продолжи дговорот, кој истекува во 2019 година.

Како што е познато, Чилеанецот е споменуван за трансфер во Челзи, Манчестер Јунајтед и Интер во последните месеци. Гласините за неговата продажба се засилија откако Баерн го објави Леон Горецка за прво летно засилување.

„Не е случајно што играм во Баерн. Не е случајно дека сум еден од најдобрите во светот на својата позиција. Не мислам за трансфер, тука се чувствува супер среќен“, отсече Видал со намигнување.

„Се разбира дека со задоволство би го продолжил договорот. Тоа е опција за мене. Моите деца исто така се чувствуваат многу среќни во Минхен. Не знам дали досега сум бил толку добар. Се чувствувам многу подобро физички. Немам проблеми со повредите и тоа ми помага“, додаде 30-годишниот потпорен халф.

Слични содржини