Кралицата Елизабета е исцрпена и емотивно и физички

од Elena Daskalova

Кралицата Елизабета имаше доста тешка година, а се зборува дека веќе е уморна од скандалите кои постојано ги следат членовите на нејзиното семејство.

Секогаш постојат самопрогласени биографи и поранешни вработени кои откриваат тајни за членовите на семејството, а ситуацијата кулминираше со отстапувањето од кралските должности на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл.

„Таа е уморна, исцрпена е и емотивно и физички. Наскоро ќе слави 94-ти роденден, а тоа е возраст во која најблиските не смеат да ѝ создаваат стресови. Драмата никогаш не запира, постојано е фрустрирана“, открива близок извор на кралското семејство за „Ју ес магазин“.

Уште повеќе ја погодуваат ладнокрвните реакции на нејзиниот внук, особено неговите изјави да го нарекуваат само Хари и дека терминот „кралски“ не е во ексклузивна сопственост на британското кралско семејство.

Се чини дека кралицата многу потешко ги поднесува семејните драми отколку што на прв поглед се чини.

Слични содржини