Кралицата Елизабета и Џони Деп се во роднинска врска

од Vladimir Zorba

Според архивираните документи што биле чувани од 1600 година до 1948 година, откриено е кои познати личности се крвно поврзани. Информациите беа достапни и објавени на страницата „Пронајди го моето минато“ и ги потврдуваат изненадувачките врски меѓу славните, како Џони Деп и кралицата Елизабета, Барак Обама и Бред Пит, Џастин Бибер и Селин Дион.

Според податоците од страницата, утврдено е дека кралицата Елизабета Втора и актерот Џони Деп се далечни роднини, и тоа по 20-то колено. Бидејќи еден од предците на Деп потекнува од Јоркшир, Англија, забележана е врска помеѓу кралицата и славниот актер. Двајцата се потомци на Едвард Трети, кој починал во 14 век.

Друга sвезда е поврзана со кралското семејство. Имено, роднини се исто така поп-пејачката Мадона и војвотката Камила Паркер, сопругата на принцот Чарлс. Констатирано е дека тие биле братучеди по деветто колено.

Веб-страницата исто така содржи информации дека музичката дива Селин Дион е во роднинска врска со пејачот Џастин Бибер. Според страницата, тие имаат заеднички прадедо и прабаба кои дошле во Канада од Франција во 17 век.

Интересно е што поранешниот американски претседател Барак Обама и холивудскиот актер Бред Пит се исто така далечни роднини, од десеттата генерација. Имено, и двајцата имаат заеднички предок од Вирџинија, кој починал во 18 век.

Актерката Анџелина Џоли има и роднини кои стигнале до Белата куќа. Таа е во врска со поранешната прва дама Хилари Клинтон.

Слични содржини