Почетна / Сцена / Кралицата Елизабета и принцот Филип ја прославуваат 72 годишнина од бракот

Кралицата Елизабета и принцот Филип ја прославуваат 72 годишнина од бракот

Да се биде во брак повеќе од 70 години е успех само по себе, а особено кога сте под будното око на јавноста како кралицата Елизабета и нејзиниот сопруг, принцот Филип.

Во текот на годините сигурно поминувале низ тешки препреки и се соочувале со разноразни проблеми, но долговечниот пар докажа дека со љубов и взаемно разбирање и почитување може да се совладаат сите, па дури и оние кои за многумина би биле ненадминливи. Бидејќи, сепак, нивниот брат е далеку од нормален и по многу работи се разликува од другите.

Елизабета и Филип се роднини

Парот е поврзан со роднинска врска, но многу далечна. Двајцата влечат потекло од кралицата Викторија, која владеела со тогашната огромна британска монарија во 19 век. И покрај кралската крв, тие растеле потполно различно, Елизабета во благосостојба, со дадилки и приватни учители, а Филип во голем дел без пари. Се запознале кога таа имала 13 години и веднаш се заљубила во него.

Нејзиниот татко се противел на нивниот брак

Кралот Џорџ Петти стравувал дека на британците нема да им биде по ќејф пто престолонаследничката се мажи за сиромашен грчки принц со незгодни германски роднински врски. Но, повеќе му сметало однесувањето на Филип како „прост морнар“ и неговиот гласно, невоздржано смеење. Додека, пак, мајката на Елизабета предвидувала дека Филип ќе биде неверен маж, што донекаде се покажало точно. Како и да е, Елизабета сепак се омажила за својот избраник, веднаш откако наполнила 21 година.

Филип морал да се откаже од сестра си

За да стане маж на Елизабета, Филип морал да го прифати британското државјанство и да се откаѓе од врските со Германија. На венчавката не смеел да повика никој од германската страна на семејството, па дури ниту својата сестра (сите три сестри на Филип биле омажени за германски нацисти).

Венчаницата ја купила самата Елизабета, со купони

Бидејќи се венчале во 1947 година, кога во Британија се уште владеела поствоената состојба, Елизабета, како и сите други невести, морала да го купи материјалнот за венчаницата со бонови, кои ги имала заштедено, а владата и доделила дополнителни 200. Со желба да и помогнат, Британците на принцезата и пратиле уште стотина купини, но таа на сите им ги вратила по пошта, со благодарница.

Фустанот од кинеска свила, украсен со цветен вез и кристали и вел од скоро пет метри, бил креиран од Норман Хартнел спорет сликата „Пролет“ на Ботичели, а бил шиен од страна на 350 жени, цели седум недели.

Парот има одвоени спални соби

Елизабета и Филип имаат посебни спални соби, но собите се поврзани така да можат да бираат дали сакаат да спијат заедно или одвоено.

Таа е неговата кралица, но тој не е нејзиниот крал

Кога во 1953 година, Елизабета Втора била крунисана, Филип и понатаму ја задржав титулата војвода од Единбург и само се заколнал на верност кон младата кралица. Принц станал дури во 1957 година и тоа наводно за да ги ублажат напнатостите во бракот.

Филип не е пример за верност

Како што и мајката на Елизабета се плашела, Филип бил и останал склон кон вонбрачните авантури. НА големо се зборувало и пишувало за дамата со која редовно се гледал во стан на еден познат фотограф во Лондон, а се спомнувале и други женски имиња. Но, доколку и имало такви проблеми во бракот, Филип и Елизабета успешно ги надминале, со оглед на тоа дека ја слават 72 годишнината.

Во јавност, никогаш, не се држат за рака

Во текот на годините Елизабета и Филип се појавиле во јавност небројни пати, но никогаш не си размениле ниту најмалку нежност, ниту се држеле за рака. Тоа не значи дека меѓу нив нема љубов, туку едноставно припаѓаат на друга генерација која ја цени воздржаноста и дискрецијата. Филип за себе вели дека е прагматичен, а не романтичен, но нема сомнеж дека без неговата поддршка, Елизабета не би ја носела круната толку успешно.

loading...