Кралицата Елизабета ја напушти палатата од страв од коронавирусот

Кралицата Елизабета Втора ја напушти Бакингемската палата поради страв од коронавирусот, пишува The Sun. Моментално кралицата се наоѓа во Винздор. Планот е таа и сопругот принцот Филип да бидат во Сандрингем, доколку ситуацијата во земјата се влоши.

– Кралицата се чувствува добро, но ова е најдобар потег за неа. Многумина од нејзините вработени се во паника поради вирусот. Палатата постојано прима гости, вклучувајќи и политичари од целиот свет. Кралицата се сретна со многу луѓе во последно време. Само неколку недели ја делат од 94 роденден и најдобро е да се тргне од палатата – рекол извор од кралското семејство за британските медиуми.

Бакингемската палата се наоѓа во седиштето на Лоднон и има најголем број на вработени за разлика од останатите имоти па поради тоа се смета и поопасна за кралицата во моменталната ситуација.

– Нема никакви сериозни стравови и позитивни тестови за коронавирус, но не сакаме да ризикуваме – додал изворот.

Советниците сметаат дека кралицата би била посигурна доколку се изолира во Сандрингем.

Палатата има околу 500 вработени, додека Винздот има стотина. Моментално се размислува дали ќе се откажат планираните забави за мај и јуни, кои би вклучувале околу 30.000 гости. Кралицата, за сега, ги откажа неколкуте ангажмани и посети.

Слични содржини